
Легендата на Премиер лигата упати брутална критика на сметка на новото засилување на Манчестер Јунајтед, Бенјамин Шешко, тврдејќи дека словенечкиот напаѓач “изгледа како играч од академија”. Шешко, кој летово пристигна на Олд Трафорд од РБ Лајпциг за неверојатни 84 милиони евра (100 милиони долари), досега не ги исполни големите очекувања, постигнувајќи само два погодоци во првите 11 настапи во Премиер лигата, пишува Goal.com.
И покрај астрономскиот трансфер, Шешко сè уште се мачи со прилагодувањето на животот во Англија и барањата на Премиер лигата. Словенечкиот репрезентативец беше донесен како решение за напаѓачката криза на Јунајтед, која дополнително се продлабочи во сезоната 2024/25 поради слабата форма на играчи како Џошуа Зиркзее, Расмус Хојлунд и Маркус Рашфорд.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Својата остра оценка за настапите на Шешко ја изнесе поранешниот напаѓач на Ливерпул и англиската репрезентација, Роби Фаулер, споредувајќи го со летното засилување на Арсенал, Виктор Ѓокереш. „За мене, мислам дека Ѓокереш е очигледниот избор. Тој веројатно подобро се прилагодил на Премиер лигата и разбира што е потребно во однос на брзина, енергија и посветеност.
Додека Шешко понекогаш се мачи. Изгледа малку, се надевам дека ова нема да звучи погрешно, но не изгледа како сениорски играч. Не се сомневам дека е добар играч. Никој не ги доведува во прашање неговите способности, но во овој момент мислам дека од нив двајцата Ѓокереш е далеку подобар”, рече Фаулер.