Дома Фудбал Леганес „грми“ по поразот во Мадрид: Ни ја украдоа победата против Реал (Видео)

Леганес „грми“ по поразот во Мадрид: Ни ја украдоа победата против Реал (Видео)

Речиси нема коло од почетокот на сезоната после кое нема критики на сметка на судењето во полза на Реал Мадрид, па така е и сега.

Судијата во победата на Реал против Леганес доби најниска оценка, што дополнително ја влоши ситуацијата и им даде поттик на гостите кои беа гневни по натпреварот. Леганес на својот официјален профил на Твитер напиша дека е ограбен, а медиумите исто така се сомневаат за одредени судиски одлуки.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Посебно е во фокусот одлуката од дополнителното време кога Раул Асенсио ја промаши топката и според гостите, го закачи противничкиот играч.

За сè се огласи и тренерот Борха Хименез.

„Не сакам да влегувам во тоа. Сакам да им верувам на судиите, но овој пат немавме среќа со судењето. На овој стадион победи само Барселона, додека Атлетико единствено успеа да освои бод и мислам дека и ние заслуживме да останеме непоразени, па дури и да победиме. Се надевам дека после сето ова ќе бидеме уште посилни”, рече тренерот на Леганес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресни зборови на Енрике за починатата ќерка – ја освои ЛШ, а потоа се скрши пред камерите

Неверојатниот шпански тренер Луис Енрике му донесе на Пари Сен Жермен трофеј во Лигата на …