Дома Останати Ракомет Лазаров задоволен и покрај поразот

Лазаров задоволен и покрај поразот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави дека Данска била добар тест, а селекторот Лазаров е задоволен и покрај поразот.

„Се подготвуваме да ја изненадиме Данска, но тоа се покажа дека е исклучително тешко против репрезентација која за мене е главен фаворит на ова Европско првенство. Ќе го анализираме вечерашниот натпревар, но секако нашиот таргет се Португалија и Романија‘, изјави Кузмановски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Можам слободно да кажам, иако е тешко да се каже тоа кога ќе загубиш со 12 гола, но јас сум задоволен од моите момци, како тие се бореа и како тие се поставија против една од најдобрите, ако не и најдобрата селекција во светот. Мораме да бидеме задоволни и да извлечеме поуки од овој натпревар. Заедно со стручниот штаб добро изротиравме, им дадовме шанса на сите 16 играчи, затоа што ритамот е пеколен и да бидат што е можно посвежи и поздрави за наредните натпревари. Немаме многу време, имаме еден ден за одмор, да се рехабилитираме, да го подготвиме натпреварот против Португалија и да се прикажеме во подобро светло“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Данска пресилна за Македонија

Репрезентацијата на Данска ја оправда фаворитската улога и рутински славеше над Македонија…