
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во интервју за Мундо Депортиво, се осврна на темата на Суперлигата. Да потсетиме, Суперлигата е проект кој во 2021 година беше прифатен од најголемите европски клубови, но брзо се повлекоа, претежно поради притисокот од навивачите. Сепак, идејата и проектот за Суперлигата сè уште се живи, а Лапорта вели дека во тек се преговори со УЕФА.
„Се постави тема за Суперлигата, што предизвика несогласувања, различни мислења и одредена контроверзност. Јас секогаш сум се обидувал да имам улога на тој што гради мостови помеѓу Суперлигата и УЕФА. Во моментот сме во ситуација каде што постои комуникација помеѓу Суперлигата и УЕФА. Александер Чеферин назначи одредени лица од УЕФА кои разговараат со претставниците на Суперлигата, со Бернд Рајхарт, извршниот директор на Суперлигата, и целиот негов тим, кој вклучува адвокати блиски на клубовите што се дел од Суперлигата”, изјави Лапорта.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
“Се дојде до принципиелен договор кој се заснова на три блока. Најмногу простор за договор и соработка има во делот што се однесува на технолошката платформа. Мислам дека тоа е добра вест и дека од двете страни има добра волја. Барселона зазема став дека треба да се постигне договор и внатре во Суперлигата го поттикнуваме постигнувањето на тој договор. Дали е тоа интересно? Мислам дека е, за доброто на фудбалот, позитивно е да се постигне договор што е можно поскоро”, продолжи претседателот на Барселона.
Фото: Принтскрин