Дома Фудбал Лапорта повторно: 70 години Реал Мадрид ги назначуваше судиите

Лапорта повторно: 70 години Реал Мадрид ги назначуваше судиите

Кандидатот за нов мандат на чело на Барселона Жоан Лапорта повторно го напаѓа големиот ривал Реал Мадрид по прашањето со судењето. Сегашниот претседател повторно ја искажува тезата дека од „Бернабеу“ не можат да ги обвинуваат по познатата тема „Негрејра“, бидејќи „самите тие веќе 70 години ги назначуваат судиите“ во шпанскиот фудбал. Истото го кажа уште во 2023 година, а сега е вклучено и во неговата книга „Така ја спасивме Барса“.

„Нема докази кои покажуваат дека плаќањата од Барселона кон компании поврзани со поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии влијаеле на изборот на арбитри или ги промениле резултатите од натпреварите – пишува Лапорта во својата книга. – Ги повикувам сите кои лесно и фриволно нè обвинуваат за судиска корупција, да посочат конкретен натпревар, гол, игра или сомнителна акција во наша корист која наводно се случила како резултат на овие технички консултации.“

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Пред неколку дена Флорентино Перез го определи случајот „Негрејра“ како најголем скандал во светскиот фудбал и ги повика судиите да решат прашањето, правејќи правда и да ја казнат Барселона за тие дејствија. Во книгата своја, Лапорта ја враќа топката на Флорентино, сметајќи дека „белиот клуб“ покажува цинизам, тврдејќи дека се чувствува оштетен во спортска смисла, како што веќе има изјавено и претходно.

„Вреди да се потсети дека седум децении и речиси без прекин, претседателите на судиските комитети, под различни имиња, биле приврзаници на Реал Мадрид, поранешни играчи или поранешни директори, а во некои случаи и сите три во исто време. Тоа значи, седумдесет години членови, поранешни играчи или поранешни директори на Реал Мадрид ги назначиле судиите кои требаше да ја делат правдата на теренот во секој натпревар од шпанската лига и купот. Тоа без сомнение е најголемиот скандал во историјата на шпанскиот фудбал!“, потенцира поранешниот претседател на „блаугранас“ кој неодамна поднесе оставка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал постави нов клубски рекорд на Барселона

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повторно го собори клубскиот рекорд со неговото …