Дома Фудбал Лапорта објасни зошто пропадна трансферот на Нико Вилијамс

Лапорта објасни зошто пропадна трансферот на Нико Вилијамс

Претседателот на клубот Жоан Лапорта, во интервју со „Марка“, објасни зошто трансферот на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс пропадна.

„Потписот на Луис Дијаз беше комплициран и бевме среде преговори со Рашфорд, но агентот на Нико Вилијамс дојде кај нас нудејќи ја можноста за потпишување на него. Деко ми кажа дека треба да ја чуеме понудата од агентот на Нико Вилијамс. Мојот приоритет, во принцип, беше Луис Дијаз или Рашфорд. Во овие случаи, секогаш им верувам на спортските директори, кои ми кажаа дека треба да слушнеме што предлага.“

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Со овие зборови, Лапорта јасно даде до знаење дека агентот на Нико Вилијамс се обрати кон клубот, а не обратно. Сепак, претседателот продолжи да објаснува дека она што било ветено и она што било на маса, беше прилично различно. Тој продолжи:

„Имаше голема разлика помеѓу она што ни беше кажано и она што всушност се случи во однос на условите за плаќање, провизијата на агентот… цела низа променливи кои укажуваа дека договорот нема да се случи.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МЛС го суспендираше Меси

Раководството на МЛС-лигата одлучи да ги казни своите најголеми ѕвезди. Лионел Меси и Жорд…