
Претседателот Џоан Лапорта не го криеше разочарувањето поради заминувањето на младиот талент од Ла Масија, Дро Фернандес, кој минатата зима ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ.
Фернандес ја помина целата младинска школа на каталонскиот клуб, потоа доби шанса во Б тимот, а дури дебитираше и за првиот состав. Сепак, кон крајот на јануари одлучи да ја промени средината, што ги изненади многумина во Барселона, особено луѓето од клубот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Парижаните за слободата на младиот фудбалер платија околу осум милиони евра, верувајќи дека добиле играч кој во иднина може да стане голема ѕвезда.
Лапорта денеска за целиот случај зборуваше многу емотивно и не кријеше дека заминувањето на младиот фудбалер го погодило. Сепак, најголемиот дел од незадоволството го насочи кон агентот на играчот, некогашниот играч на средината на Барселона Иван де ла Пенја.
Интересно е што Де ла Пенја за време на кариерата најдолго настапуваше во дресот на градскиот ривал Еспањол, каде играше девет сезони.
“Заминувањето на Дро беше како некој да ни забоде нож во грб. Се чувствував издаден од страна на Иван. Со Жорже Мендеш успеавме да го задржиме Ламин (Џамал), додека поради ‘лошиот пелат’ (‘ќелавиот’, прекарот на Иван де ла Пенја), Дро замина во ПСЖ. Да беше Жорже Мендеш агентот на Дро, ова немаше да се случи”, изјави Лапорта за време на интервјуто за емисијата Џигантес.