Дома Фудбал Англија Kлоп: Короната ни го зададе првиот удар и ни кажа дека вака не можеме да продолжиме

Kлоп: Короната ни го зададе првиот удар и ни кажа дека вака не можеме да продолжиме

Коронавирусот прави големи проблеми во англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се одложуваат натпревари, а се очекува состанок на раководството на лигата уште денес. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е загрижен за продолжувањето на првенството.

„Игравме во среда, недела и вторник. Тоа не е можно. Ако сакаме да играме ќе ни биде потребна помош околу распоредот. Најважната работа која треба да ја разговараме е дали можеме да продолжиме или не. Ако продолжиме тогаш не можеме според планираното. Пред короната зборувавме дека имаме густ распоред, а сега короната ни го зададе првиот удар и ни кажа дека не можеме вака да продолжиме“, изјави германскиот стратег.

Во Англија во текот на Божиќ и Нова година се игра во жесток ритам, а со оглед на се поголемиот број заразени и позитивни на коронавирусот се е под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…