
Голманот на Реал, Тибо Куртоа, ја критикуваше играта на своите соиграчи откако актуелните шампиони на Лигата на шампионите синоќа заслужено испаднаа од Арсенал со вкупно 5:1.
Лондонскиот клуб пристигна на Сантјаго Бернабеу со предност од 3:0 од првиот натпревар на Емирејтс, а таа предност можеше да ја зголеми во првото полувреме ако Куртоа не го одбранеше слабите изведени пенали на Букајо Сака.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
“Иако на полувремето чувствувавме дека се ќе беше отворено ако постигнеме прва гол, на крајот тие постигнаа први. Ние брзо одговоривме, продолживме да веруваме, но не бевме конкретни во нападот. Мислам дека Раја не мораше да брани ниту една сериозна прилика. Изгубивме од подобриот Арсенал и тоа мораме да го прифатиме”, рече белгискиот голман во изјава за шпанските медиуми по натпреварот, па додаде:
🚨 Тибо Куртоа: “Многу центриравме… треба да создадеме повеќе колективни акции”.
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) Април 17, 2025
“Пробавме да центрираме многу, но со тие центрирања, Арсенал има високи играчи, а ние немаме Хоселу…”. pic.twitter.com/SRKVbKDEom
“На крајот на денот, тие се екипа што добро се брани, организирани се, прават добар притисок и тешко е да се најде простор. Имавме многу центрирања, но оваа година немаме Хоселу, класичен напаѓач во шеснаесетникот. Мораме внимателно да анализираме што можеме да подобриме. Не чека уште многу од сезоната, борба за наслов во лигата, финале на Купот за десет дена и потоа Светското клупско првенство. Благодариме на навивачите. Прекрасно беше да се верува во пресврт, се надевам дека ќе им донесеме малку радост оваа сезона.”
Да потсетиме, Хоселу минатата сезона постигна два гола против Баерн во големиот пресврт против минхенскиот клуб за влез во финалето, а денес игра за Ал-Гарафа.
Фото: Real Madrd C.F