
Сер Џим Ретклиф, новиот ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, започна со воведување на промени во клубот. Една од првите мерки е намалување на трошоците за храна за играчите и персоналот. Ратклиф, кој неодамна купи 27.7 проценти од акциите во клубот за над милијарда фунти, сака да ја подобри финансиската состојба на клубот. Според извештаите, тој барал детална анализа на трошоците, вклучително и оние поврзани со исхраната.
Играчите и персоналот на Манчестер Јунајтед моментално имаат пристап до бесплатна храна во тренинг центарот во Карингтон. Сепак, оваа практика може да се промени како дел од мерките за штедење на Ратклиф. Така, вработените ќе имаат право да јадат само супа и сендвичи, пишува „Talk Sport“. Оваа одлука доаѓа во време кога клубот се обидува да ги намали трошоците за да биде во согласност со правилата на Финансискиот фер плеј.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед минатото лето отпушти 250 луѓе. Сега се очекува уште 200 отпуштања, најавуваат британските медиуми. Раководството на Јунајтед ги зголеми цените на билетите, но исто така и на Холанѓанецот Ерик тен Хаг му исплати 14.5 милиони фунти.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨
— KinG £ (@xKGx__) February 24, 2025
За да се намалат трошоците во клубот на Манчестер Јунајтед..
Ручекот за персоналот на клубот неодамна беше сведена на супа + сендвич.
Ова се однесува за персоналот, тренерите и аналитичарите.
Не ги вклучува играчите од првиот тим
{ @TheSun } pic.twitter.com/CooqU7noGM