Дома Фудбал Кристијано Роналдо: Наскоро ќе се повлечам! Веројатно ќе плачам, но ќе бидам подготвен

Кристијано Роналдо: Наскоро ќе се повлечам! Веројатно ќе плачам, но ќе бидам подготвен

Британскиот новинар Пирс Морган започна да открива уште делови од големото интервју со Кристијано Роналдо, кое го направи во домот на Португалецот во Саудиска Арабија. Едно од најтешките прашања, на кои мораше да одговори петкратниот носител на “Златна топка”, беше за моментот кога ќе го објави крајот на својата кариера.

Запрашан дали има конкретна возраст во која планирал тоа да се случи, 40-годишниот Роналдо одговори:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Наскоро. Но мислам дека ќе бидам подготвен. Ќе биде ли тешко? Се разбира. Ќе биде ли навистина тешко? Да. Веројатно ќе плачам. Да, тоа е нормално, а јас сум човек кој лесно заплакува. Не ги потиснувам чувствата. Искрен сум. Отворена личност сум. Ќе биде тешко, но се подготвувам за мојата иднина откако имав 25, 26, 27 години. Затоа мислам дека ќе можам да се носам со тој притисок”, изјави Роналдо.

“Мислам дека ништо не може да го замени фудбалот во мојот живот. Ништо не може да се спореди со адреналинот кој го доживуваме во фудбалот кога постигнуваме гол. Како што реков, сè има почеток и крај. Затоа мислам дека ќе бидам подготвен. Но така ќе имам повеќе време за себе. Ќе имам повеќе време за моето семејство, за да ги воспитувам моите деца, особено Белла, која има три години и која почнува да ми недостасува кога патувам и поминувам толку многу денови во хотелот со тимот”, додаде Кристијано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Упамекано најголема желба на Реал

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број ед…