
Португалскиот напаѓач не постигнал хет-трик повеќе од една и пол година.
Четврти мај 2024. Беше последниот пат кога Кристијано Роналдо постигна хет-трик. Иако успеа да даде 41 гол откако го прослави својот 40-ти роденден и е се поблиску до посакуваната бројка од 1.000 голови (моментално има 957), португалскиот репрезентативец ја заврши 2025 година без да постигне три гола во еден натпревар, прекинувајќи ја серијата што траеше цели 16 години.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Капитенот на Ал Наср во декември го прослави хет-трикот во победата против Ал Ахдуд (3-0), под водство на Пауло Серџио, но третиот гол беше поништен поради офсајд. Откако се приклучи на клубот во Саудиска Арабија пред три години, Роналдо постигна шест хет-трика.
Последен пат за Португалија даде хет-трик во доминантната победа против Луксембург (5-0) во квалификациите за Светското првенство 2022, во октомври 2021 година, а истата година усепа да го стори истото уште еднш, на 14-ти март за Јувентус. Во второто враќање во Манчестер Јунајтед, постигна уште два хет-трика, против Тотенхем и Норич во Премиер лигата.
За да се потсетиме на последната година кога Роналдо немаше постигнато хет-трик, мора да се вратиме во… 2009. Првиот хет-трик го постигна на 12 јануари 2008 година, играјќи за Манчестер Јунајтед против Њукасл (6-0), а потоа повторно го направи истото за Реал Мадрид, на 5 мај 2010 година.