Дома Фудбал Крај: Позната иднината на Лука Јовиќ!

Крај: Позната иднината на Лука Јовиќ!

Лука Јовиќ ова лето си заминува од Милано…

Информацијата која се очекуваше ја објави италијанскиот инсајдер Николо Шкира. Српскиот напаѓач во дресот на “Росонерите” во текот на две сезони има помалку од 2000 минути игра (точно 1935). Малку, премалку…

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Јовиќ си заминува од редовите на италијанскиот гигант со 13 постигнати голови на 47 одиграни натпревари во сите натпреварувања, што е далеку под угледот на играчот кого Реал Мадрид неодамна го плати 60 милиони евра на Ајнтрахт.

Најновите информации велат дека 27-годишниот фудбалер има понуди од Турција и Мексико. Не би било изненадување ако се врати во Германија, каде што блескаше во дресот на екипата од Франкфурт.

Јовиќ по последниот натпревар од сезоната ја промени фотографијата на Инстаграм, а истата таа беше објавена и денес на социјалната мрежа X на профил кој исклучиво ја следи неговата кариера.

Да споменеме и дека српскиот репрезентативец во април беше прогласен за играч на месецот во Милано.

Фудбалерот, роден во Лозница, професионалната кариера ја започна во Црвена звезда, а играше и за Бенфика, Ајнтрахт, Реал Мадрид, Фиорентина и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уништенa e кариерата на големата ѕвезда, не може повеќе да направи ни чекор: Се молам за чудо

Некогашната фудбалска ѕвезда Жерард Деулофеу е веќе речиси три години надвор од теренот. З…