
Легендарниот полски напаѓач Роберт Левандовски (37) ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
По четири години соработка, раководството на Барселона одлучи да не ја продолжи соработката со Роберт Левандовски и Полјакот ќе ги напушти редовите на каталонскиот клуб по истекот на договорот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
37-годишниот Полјак имаше опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Меѓутоа, клубот нема да ја активира оваа клаузула и тој од наредното лето ќе биде слободен играч.
“Барселона нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој си заминува од клубот”, тврди The Athletic.
Каталонците се решија да дадат простор на некој помлад. Левандовски е во позни години и на почетокот од следната сезона ќе го прослави 38-от роденден. Барселона смета дека неговото време поминало, иако на теренот не изгледа така.
Лева и оваа сезона е феноменален. Постигна осум голови во 15 настапи, а врвни игри имаше и претходните три години во кои блескаше пред противничкиот гол.