Дома Фудбал Крај на една ера: Мохамед Салах од лето во нов клуб!

Крај на една ера: Мохамед Салах од лето во нов клуб!

Мохамед Салах веројатно ја игра својата последна сезона во дресот на Ливерпул. Иако е со договор поврзан до летото 2027 година, јасно се забележува огромен пад во играта и Црвените се подготвени да го продадат во следниот период.

Кариерата 33-годишниот офанзивец треба да ја продолжи во Саудиска Арабија. На маса е понуда од екипата на Ал-Итихад.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Почнати се преговори помеѓу двете страни. Се очекува да бидат успешно завршени и Египќанецот следната сезона кариерата да ја продолжи во овој клуб.

Од многу одамна Салах е желба на тимовите од Саудиска Арабија. Се поврзуваше со многу клубови, се споменуваа огромни суми, но на крајот не дојде до заминување од Енфилд.

Сепак, јасно е дека Mohamed повеќе не е истиот. Падот на формата и послабите игри го наведе клубот од следната сезона да разгледува други опции.

Ливерпул ќе му дозволи заминување во Саудиска Арабија. Нема да бара превисока отштета и само е потребно овој сјаен офанзивец да каже „да“.

Мохамед Салах е веќе девет години член на Црвените. Постигна врвни резултати со овој клуб и стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: Името на Рибери се појави во документите за Епстин

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери (42) ќе поднесе тужба откако неговото име се …