
Универзалецот на Бајерн, Џошуа Кимих, потпиша нов договор со тимот од Минхен, што значи дека ќе остане во Баварија уште најмалку четири години.
Тема на продолжување на соработката меѓу актуелниот потпрвак на Германија и репрезентативецот на оваа земја беше актуелна со месеци, а поради нејзиниот епилог во минатото се огласуваа наизменично двете страни.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Речиси четири месеци не се знаеше што ќе се случи со играчот од средниот ред летово, а неговото заминување во некој од многуте заинтересирани клубови изгледаше како сѐ пореална опција.
Фудбалерот кој е член на Баерн од 2015 година, на новинарите по триумфот во Леверкузен (2-0, вкупно 5-0) и пласманот меѓу осумте најдобри тима во Европа, соопшти дека сагата дефинитивно добила среќен крај.
„Нов договор сигурно ќе дојде во наредните неколку дена. Последно време беше невозможно да се фокусираш на тоа поради големиот број на натпревари“, изјави капитенот на „Ди Маншафт“, а пренесе AFP.
Кимих денес го продолжи својот престој во Минхен најмалку до летото 2029 година, што го потврди клубот што го води Винсан Компани преку социјалните мрежи.
„Во Баерн имам најдобра околина за постигнување на моите спортски цели, мојата одлука е заснована на тоа. За мене моментно нема подобар пакет од соиграчи, стручниот штаб и амбиентот на клубот за да бидам максмално успешен. Овде се чувствувам како дома, уште не сум завршил“, истакна задоволниот Џозуа.
До конечниот расплет, за услугите на некогашниот фудбалер на Лајпциг се интересираа неколку клубови од Премиер лигата, предводени од Арсенал. Сепак, тој со потписот на договорот со Баварците му се придружи на Мануел Нојер и Алфонсо Дејвис, кои се обврзаа на верност кон петкратниот освојувач на Лигата на шампиони во февруари.
Овој 30-годишник од Баден-Виртемберг за една деценија играње во црвениот дрес запиша 429 настапи, со учинок од 43 голови и 114 асистенции.
Verwurzelt in München! Hier, um zu bleiben! 🌳 #Kimmich2029#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/j19CNI41BF
— FC Bayern München (@FCBayern) March 13, 2025