Дома Фудбал Кошмарот за Гвардиола не престанува: Двајца играчи побараа да заминат од Манчестер Сити

Кошмарот за Гвардиола не престанува: Двајца играчи побараа да заминат од Манчестер Сити

Двајца фудбалери на Манчестер Сити ќе направат сè за да го напуштат овој клуб во јануари и својата кариера да ја продолжат далеку од Етихад.

Синоќа Манчестер Сити забележа победа од 5:4 против Фулам на гостински терен. Иако имаа предност од 5:1, на крајот ја спасуваа победата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Домашниот тим до 78. минута намали на 5:4, а во 98. минута Гвардиол ја спаси својата екипа така што ја испречи топката практично од гол линијата.

Сето ова се случи иако Манчестер Сити имаше навистина добро лето кога станува збор за доведување нови фудбалери.

Тијани Рејндерс, Рајан Черки, Рајан Аит-Нури и Џанлуиџи Донарума се играчи кои беа навистина големи засилувања за Манчестер Сити летово.

Донарума пристигна во Манчестер Сити од Париз Сен Жермен за околу 35 милиони евра и тоа на последниот ден од трансфер периодот.

Тој исто така беше трет голман кој пристигна бидејќи порано во клубот за околу 30 милиони евра пристигна Џејмс Трафорд, а дојде и Маркус Бетинели од Челси.

Интересно е што Пеп Гвардиола одлучи да го пушти Едерсон да оди во Фенербахче и во овој клуб да ја продолжи својата кариера.

Како што пренесуваат англиските медиуми, двајца голмани, Стефан Ортега и Џејмс Трафорд јасно му ставија до знаење на Гвардиола дека во јануари сакаат да заминат од Етихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потегот на Реал Мадрид фудбалска Европа, навивачите не веруваат што читаат (Фото)

Реал Мадрид се наоѓа во криза со резултатите и навивачите веќе го губат трпението. Промена…