Фенербахче запиша пораз од Барселона во Евролигата со 89:63. Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ повторно беше во елемент. Откако пред една недела во еден тајм-аут ги пцуеше своите играчи сега ги молеше да играат одбрана. „Извинете што вака зборувам. Може ли да играте одбрана?“, зборуваше легендарниот стратег.
