Дома Останати Кошарка НБА Леброн и Лејкерси изгледаат незапирливо, нова жртва беше Атланта (ВИДЕО)

Леброн и Лејкерси изгледаат незапирливо, нова жртва беше Атланта (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерси во изминатата ноќ убедливо ја совладаа Атланта Хокс со 122:101 пред своите навивачи.

Лејкерси од самиот почеток заиграа во вој ритам и првата четвртина ја решија со 36:24. Ни во второата немаше преголеми возбдувања, Леброн и друштвото продолжија да го газат ривалот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На полувреме заминаа со предност од 69:41 и уште тогаш беше јасно кој ќе слави во овој натпревар. Атланта во продолжение успеа малку да го ублажи поразот најмногу затоа што Лејкерси играа со комбиниран состав.

На крајот натпреварот се заврши со 122:101 за Лејкерси кои сега имаат 11 победи и два порази. За Атланта ова беше деветти пораз, успеаа да запишат и четири победи.

Лејкерси до победата ги предводеше Леброн со 33 поени, 12 асистенции и седум скокови. Ентони Дејвис имаше по скромен учинок од 14 поени и пет асистенции. Кај Атланта Трај Јанг се исткана со 31 поен, седум асистенции и три скока.

Голден Стејт го запишаа 12-тиот пораз сезонава овој пат над нив славше Њу Орлеанс со 108:100, Денвер го победи Мемфис со 131:114, додека Орландо со 125:121 беше подобар од Вашингтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…