Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и Денвер ставија крај на низата на Хјустон (ВИДЕО)

Јокиќ и Денвер ставија крај на низата на Хјустон (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер го совладаа Хјустон на домашен терен со 105:95 и така ја остварија 10-тата победа во сезоната, имаат и три порази, додека Хјустон е на скор од 11:4.

Хјустон постигнуваше барем 100 поени на 21 натпревар во низа пред доаѓањето во Коларафо, но сега тимот на Мајк Малоун одигра одлично во одбранатаи го држеше ривалот на растојание.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Јокиќ го предводеше Денвер со 27 поени, 12 скокови и 4 асистенции, дамка му беа седумте изгубени топки. Вил Бартон уфрли 15 поени, Милисап имаше 11, а Херис и Мареј по 10 поени.

Кај Рокетси стандардно најефикасен беше Џејмс Харден со 27 поени, додаде 7 скокови и исто толку асистенции, 3 украдени топки, но и 8 изгубени топки. Расел Вестбрук имаше 25 поени, а Клинт Капел постигна 12 поени и запиша 21 скок.

НБА резултати:

Филаделфија – Њујорк Никси 109:104

Вашингтон – Сан Антонио 138:132

Атланта – Милвоки 127:135

Бруклин – Шарлот 101:91

Далас – Голден Стејт 142:94

Мајами – Кливленд 124:100

Торонто – Орландо 113:97

Чикаго – Детроит 109:89

Минесота – Јута 95:103

Денвер – Хјустон 105:95

Клиперси – Бостон 107:104 (после продолжение)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…