Дома Фудбал Компани може да здивне пред дербито, познато е кога ќе се врати Хари Кејн

Компани може да здивне пред дербито, познато е кога ќе се врати Хари Кејн

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани изјави дека Хари Кејн се вратил на тренинзите и може да биде во конкуренција за натпреварот против Лајпциг во Бундеслигата.

Кејн ја повреди тетивата на 30 ноември на натпреварот против Борусија Дортмунд (1:1).


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


„Нема да кажам дали ќе започне или не. Првиот тренинг е важен. Ако се биде добро, тој сигурно ќе игра“, изјави Компани.

Баерн вечерва од 20:30 часот го пречекува Лајпциг во 15. коло во Бундес лигата. На тренинзите им се врати и Алфонсо Дејвис, додека Серж Гнабри се уште се опоравува од повредата на коленото.

Кејн оваа сезона за Баерн постигна 20 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска го губи трпението за Мудрик: Челси најде замена за Украинецот

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, и ко-сопственикот на тимот, Тод Боли, наводно, „го изгуби…