Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани изјави дека Хари Кејн се вратил на тренинзите и може да биде во конкуренција за натпреварот против Лајпциг во Бундеслигата.
Кејн ја повреди тетивата на 30 ноември на натпреварот против Борусија Дортмунд (1:1).
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Нема да кажам дали ќе започне или не. Првиот тренинг е важен. Ако се биде добро, тој сигурно ќе игра“, изјави Компани.
Баерн вечерва од 20:30 часот го пречекува Лајпциг во 15. коло во Бундес лигата. На тренинзите им се врати и Алфонсо Дејвис, додека Серж Гнабри се уште се опоравува од повредата на коленото.
Кејн оваа сезона за Баерн постигна 20 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.