Дома Фудбал Кога некогаш во Барселона: Меси ја зеде топката на центар, издрибла пет ривали и постигна прекрасен гол (Видео)

Кога некогаш во Барселона: Меси ја зеде топката на центар, издрибла пет ривали и постигна прекрасен гол (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами гостуваа кај Монтреал во рамките на МЛС и остварија победа од 4:1. Два гола на овој натпревар постигна Лео Меси, а јасно е дека вториот, за 4:1, беше особено добар.

Да почнеме по ред. Водството прво го презедоа домашните фудбалери и тоа веќе во 2. минута кога Овусу постигна гол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интер Мајами изедначи во 33. минута преку Алиенде, а асистенцијата ја запиша Лионел Меси.

Седум минути подоцна, Меси првпат на овој натпревар се запиша како стрелец и донесе пресврт и водство за својот тим.

Тимот на Интер Мајами во 60-та минута постигна и трет гол. Овој пат асистент беше Алиенде, а голот го постигна Сеговиа.

Конечниот резултат го постави Лео Меси со феноменален гол во 62-та минута од натпреварот.

Со овој гол, Меси потсети на сè што некогаш правеше во дресот на Барселона и поради што стана еден од најдобрите, ако не и најдобриот во светот.

Меси ја зеде топката на центарот на игралиштето, издрибла пет противнички играчи и постигна гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …