Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ не е во баш најдобри односи со новиот тренер на Интер, Антонио Конте.
Конте на крајот од минатата сезона е избран за нов тренер на Интер по што Лучијано Спалети доби отказ. Играчите на Интер веќе се подготвуваат за новата сезона, но Конте во неколку наврати призна дека не е задоволен од играчите кои ги има на располагање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходните денови доста се зборуваше за тоа дека Конте и Перишиќ не се во добри односи и дека не е невозможно Хрватот ова лето да ја напушти „Меаца“. Италијанските медиуми пренесуваат дека во Интер дури размислуваат дека ќе се вклучат во понуда за Ромелу Лукаку.
Перишиќ пред година дена беше цел на Манчестер Јунајтед, но тогаш Интер одби да го продаде. Клубот од „Меаца“ сака да го искористи сега тоа и да го понуди Перишиќ со 55 милиони евра за Лукаку. Јунајтед одби неколку понуди на Интер и порачаа дека Лукаку може да си оди само за 90 милиони евра, но понудата во која е вклучен Перишиќ би можела да биде интересна за „Црвените ѓаволи“.