Дома Фудбал Клуб од Англија го краде Ендрик и од Лиoн, но и од Реал Мадрид?!

Клуб од Англија го краде Ендрик и од Лиoн, но и од Реал Мадрид?!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Ендрик, се поврзува со изненадно пристигнување во Премиерлигата и покрај претходните пишувања дека договорил заминување на позајмица во Лион.

Откако Чаби Алонсо пристигна во Реал Мадрид наместо Карло Анчелоти, Ендрик одигра само 14 минути и јасно е дека тоа не му се допаѓа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тинејџерот пристигна од Палмеирас во Реал Мадрид во летото 2024 година со веќе многу добра репутација, но не успеа да избори место во првите 11 на мадридскиот тим.

Во првата сезона во дресот на Реал Мадрид доби шанса да игра на 37 натпревари и постигна седум голови, но оваа сезона игра многу помалку.

За да ја врати позицијата во репрезентацијата пред Светското првенство, Ендрик пред сѐ треба редовно да игра, а тоа му го нуди и Лион во Франција.

Новинарите на BBC тврдат дека Реал Мадрид и Лион се во напредни преговори кога станува збор за позајмицата на овој фудбалер што би се случила во јануари.

Сепак, сега се појавија информации дека Челси се обидува да го “украде” Ендрик од Лион и да го донесе во Лондон.

Ако ја прифати понудата и замине во Челси, таму би играл со Бразилците Андреј Сантос, Естеван и Жоао Педро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалците бесни: Роналдо би требало да се срами

Капитенот на репрезентацијата на Португалија Кристијано Роналдо беше исклучен против Ирска…