
Жестоките напади на раководството и тренерот на Олимпик од Лион врз судиите оваа сезона резултираа со казни. Првиот човек на клубот Пабло Лонгорија е суспендиран на 15 натпревари, а тренерот Пауло Фонсека е суспендиран на девет месеци.
Пабло Лонгорија ги обвини судиите за „организиран криминал“ против неговиот клуб, додека неколку дена откако му беше изречена казната, Пауло Фонсека физички нападна судија Беноуа Милоа откако доби црвен картон.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Фонсека му се доближи на судијата, му викал и за тоа добил црвен картон. Казнет е максимално – суспендиран е на девет месеци.
Јирген Клоп има разбирање за реакцијата на Фонсека и неговиот гнев. Не беа ретки случаевите кога го гледавме Германецот во жестоки конфликти со судиите.
„Видов дека Фонсека доби деветмесечна суспензија. Можете да најдете бројни фотографии на кои јас расправам со судии. Ќе пробам да објаснам – меѓу црвениот картон и деветмесечната суспензија е само еден сантиметар. Ќе кажам само дека сум среќен што повеќе не сум во такви ситуации“, рече Клоп.