Дома Фудбал Португалците бесни: Роналдо би требало да се срами

Португалците бесни: Роналдо би требало да се срами

Капитенот на репрезентацијата на Португалија Кристијано Роналдо беше исклучен против Ирска поради удар со лактот на противнички играч, а тамошните медиуми го критикуваат неговото однесување.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Репрезентацијата на Португалија е на чекор до пласман на Светското првенство во 2026 година, но јавноста се фокусира на однесувањето на Роналдо по црвениот картон во поразот на неговиот тим со 2:0.

Капитенот удри противнички играч со лакт, а судијата првично му покажа жолт картон. Меѓутоа, по проверка со ВАР, одлуката беше променета – Роналдо беше исклучен, а при излегување од теренот гестикулираше кон трибините.

Угледниот весник „А Бола“ не штедеше зборови, и во коментарот потпишан од страна на Уго Васконселос, насловот беше јасен:

„Кристијано би требало да се срами. Она што го направи капитенот беше жално. Не само поради агресијата – на сите им се случува да ги изгубат нервите, туку и поради реакцијата. Целата таа фарса: солзи, гестикулации, како да не знае што се случува, па аплаузи за публиката… Како да е публиката виновна за исклучувањето.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Kако Енрике го создаде најмоќниот тим во светот? Бекам открива неверојатни детали

Во текот на три години, Луис Енрике успеа да изгради импресивен ПСЖ кој има реална шанса д…