Дома Фудбал Килијан Мбапе ги помина тестовите, ќе биде стартер вечерва

Килијан Мбапе ги помина тестовите, ќе биде стартер вечерва

Килијан Мбапе e добро и вечерва ќе биде стартер за Реал Мадрид во реваншот против Атлетико Мадрид од осминафиналето на Лигата на шампионите. Ова беше потврдено по направените тестови денес, откако вчера напаѓачот не тренираше целосно, што пак создаде сомнежи за неговото учество, објавува „Екип“. На крај, тој беше вклучен во тимот на Карло Анчелоти.

Натпреварот на „Сивитас Метрополитано“ започнува во 22:00 часот, а Реал има предност од еден гол по 2:1 минатиот вторник.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мбапе има многу силна сезона, со 28 голови во 41 натпревар во сите натпреварувања досега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Манчестер сити му се понуди на Реал Мадрид!? (ФОТО)

Рoдри (29), легенда на Манчестер сити и дете на Атлетико Мадрид, предизвика големо внимани…