Дома Basketball КФСМ одговори на обвинувањата: Перо Антиќ беше избран со 41 глас „за“ и еден „против“

КФСМ одговори на обвинувањата: Перо Антиќ беше избран со 41 глас „за“ и еден „против“

Одговор до загрижените членови на ‘иницијативниот одбор’ составен од скијач, комарџија, пропаднат кошаркар од јужниот дел на Македонија итн.

Во врска со изборното собрание, со еден единствен кандидат – Перо Антиќ, одржано на 29. Март, 2023 година.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Јасно е дека тие што ги изнесуваат невистинитите написи и ги пласираат во јавноста како скандалозни не го познаваат доволно, ако и воопшто деловникот за работа на Собрание на КФСМ.

Кандидат за Претседател на Кошаркарска Федерација мора да биде писмено предложен од десет претставници на членките на Собранието. Предлогот мора да содржи име и презиме на кандидатот и да биде заверен од страна на членот на Собранието кој го предлага како кандидат.

Преставниците на членките со право на глас на федерацијата, клубови и комисии, ги стекнуваат правата и должностите како преставници во Собранието со верификација на приложено оверено полномошно, со печат на преставникот и потпис на одговорното лице.
Полномошното го даваат по своја волја.

Полномошно, кое го барате со притисоци, закани и уцени повеќе од половина година.

-потсетување, извадок од записник од одржано собрани на 29.03.2023г.-

Од 45 членки, поканети на изборната седница, со право на глас, на седницата се појавиле 42-ца со заверени и валидни полномошна.

По завршување на првиот дел од редовното Собрание, се пристапи кон вториот дел – изборно Собрание.

Кандидациската комисија ги собра кандидатурите за Претседател и пристапи кон разгледување. Доставени беа 23 кандидатури со единствен предлог за Претседател – Перо Антиќ.

Се пристапи кон гласање за кандидатот Перо Антиќ за Претседател на КФСМ.

Кандидатот Перо Антиќ беше избран за Претседател на КФСМ, од страна на сите присутни со 41 гласа ЗА и 1 против.

Дури и да се отстранат полномошната кои според горенаведените загрижени лица кои се кријат зад називот ‘иницијативен одбор’ не биле етички или морални Перо Антиќ (о)станува Претседател со мнозинство гласови.

Не е етички и морално, некој поединец или група наречена ‘иницијативен одбор’ да врши притисоци врз клубовите со закани и уцени за бркање од работа, одземање на спортски сали, одземање на термини во училишни сали, намалување на финансиски средства итн.

Кога ќе заврши редовната седница на Собранието на КФСМ ќе бидеме приморани да излеземе со докази прибавени во изминатите неколку месеци кои ќе ја прикажат тортурата со која се соочуваа клубовите.

Како и досега, раководството на Федерацијата ќе застане позади клубовите кои безрезервно им ја даваат поддршката од 2019 година наваму.

Раздорот што поединци го прават неколку месеци наназад е веќе пријавен во повисоки инстанци, а започнат е и процес со FIBA која е веќе запознаена за случувањата во македонската кошарка.

Од вакви однесувања на поединци и групи штета трпи само македонската кошарка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Basketball

Проверете

Чаирчани се жалат: Во Битола бевме каменувани!

Кошаркарскиот клуб Чаир синоќа објави соопштение по гостувањето кај Пелистер во рамките на…