
Искусниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Каземиро, кој по крајот на оваа сезона ќе биде слободен агент, на своите блиски им кажал дека сè уште сака да игра на високо ниво во Европа.
Бразилецот беше поврзуван со трансфер во МЛС, бидејќи неодамна направи кратка пауза во Флорида заедно со своето семејство, што уште повеќе ги зајакна шпекулациите дека може да стане соиграч на Лионел Меси во Интер Мајами. Клубови од Саудиска Арабија исто така покажуваат интерес, но 34-годишниот бразилец сака да се предизвика самиот себеси да игра за уште еден европски голем клуб.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Според “Сан”, Каземиро веќе ја посочил Италија како потенцијална дестинација, инспириран од тоа што го прави неговиот поранешен соиграч Лука Модриќ во дресот на Милан на 40-годишна возраст. Англискиот таблоид не ја исклучува можноста двајцата повторно да се обединат во еден тим.
Каземиро се наоѓа во одлична форма оваа сезона, почнувајќи во 24 од 29-те натпревари на Манчестер Јунајтед досега. Тој исто така е во плановите на Карло Анчелоти за претстојното Светско првенство.