Дома Фудбал Кандидатот за претседател на Барселона даде сензационално ветување – вели дека ќе го врати Меси!

Кандидатот за претседател на Барселона даде сензационално ветување – вели дека ќе го врати Меси!

Еден од кандидатите за претседател на Барселона, Виктор Фонт, ја претстави својата визија за враќање на Лионел Меси во клубот, со цел да му се приреди проштален настан каков што заслужува. Аргентинската фудбалска легенда го напушти Камп Ноу во 2021 година под тежок товар, кога каталонскиот гигант поради финансиски ограничувања не можеше да го продолжи договорот. Меси потоа премина во Пари Сен-Жермен, а сега игра за Интер Мајами во американската MLS лига, пишува Goal.com.

Во текот на својот легендарен период во Барселона, Меси стана икона на клубот, рушејќи бројни рекорди во постигнување голови и освојувајќи безброј трофеи. Иако се очекуваше да ја заврши кариерата на Камп Ноу, финансиските проблеми доведоа до негово заминување како слободен играч. Фонт, еден од кандидатите на претстојните избори, тврди дека може да го врати 38-годишниот Аргентинец за да му овозможи достоен поздрав како еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


“Во претизборната кампања многу се говори за имиња. Ние се обидуваме да создадеме ентузијазам базиран на факти. Несомнено е дека нема да дојде до помирување со Меси додека е на власт Жоан Лапорта. Доколку бидеме избрани, можен е последниот танц на Меси”, нагласи Фонт, пренесува AS.

“Меси не е пример само како фудбалер, туку и како личност. Тој е одраз на нас, навивачите на Барселона. Вреден е, посветен и чесен лидер кој ја сака Барса”, додаде Фонт и ја обвини сегашната управа дека двапати го измамила Меси.

“Не смееме да заборавиме дека Меси беше измамен двапати: во 2021 година, кога дојде во Барселона за да го продолжи договорот, и во 2023 година, кога сакаше со Чави Ернандес да се врати во клубот на својот живот. Откако му разбудија надеж, управата повторно му ги затвори вратите”, рече тој.

“Меси не може да се прости од Барселона во некоја затворена соба. Тоа е незамисливо. Тој мора да се повлече од теренот. Самиот настан ќе зависи од неговите желби и ситуацијата на крајот на 2026 година.

Што сакаме да кажеме е дека единствениот начин за проштално збогување како што заслужува, облечен во својот дрес и на теренот, е Жоан Лапорта да не биде на власт по 16 март”, заклучи Фонт, откривајќи дека би му понудил на Меси и улога на почесен претседател на клубот.

Фонт не е единствениот кандидат кој ја спомнува Меси во кампањата. Марк Цириа неодамна постави огромен транспарент со ликот на легендата на клубот како слави гол против Реал Мадрид. Другиот кандидат, Xавиервилажуан, изјави дека преговара со Хари Кејн.

Се очекува дека конечната листа на кандидатите за претседател ќе биде потврдена на почетокот на март, а изборите ќе се одржат на 13 март, на денот кога Барселона игра натпревар против Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата од денеска има нов рекордер!

Сезоната на англиската Премиер Лига навлезе во последната третина, а притисокот на врвот и…