
Уго Умбер направи нешто досега невидено на тенискиот терен, особено не на врвното ниво.
Среда, во екот на драматичната завршница од дуелот со Адриен Манарино, при резултат 4:3 во тајбрејкот од одлучувачкиот сет и на свој сервис, Умбер ги изненади сите, отиде до клупата и провери нешто на својот мобилен телефон.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Важно е да се напомене дека Умбер не го извадил телефонот при менување на страните на 3:3, туку по следниот поен, што е спротивно на правилата. Иако постои теорија дека Французот всушност отишол да го изгаси звонот, фановите на социјалните мрежи имаат различни впечатоци за целиот настан.
По паузата, Французот се врати на сервис, меѓутоа загуби четири поени по ред, а со тоа и натпреварот.
Оваа постапка му донесе и негативно внимание од јавноста.
🚨 Уго Умбер е под истрага 🤯
— Mpb (@matchpo1ntbets) 4 февруари 2026
Откако поведе со резултат од 4-3 на сервис во одлучувачкиот тајбрек, ненадејно застана за да провери мобилен и загуби следниве 4 поени и натпреварот. Како ова да се објасни 🤔 pic.twitter.com/CEm5Cv8ygU