Дома Фудбал Каква Саудиска Арабија: Новиот клуб на Касемиро може да биде големо изненадување!

Каква Саудиска Арабија: Новиот клуб на Касемиро може да биде големо изненадување!

Касемиро не се прослави на Олд Трафорд, но при тоа заработи огромни пари. Бразилецот воопшто не се снајде во дресот на Манчестер Јунајтед и време е за заминување.

Касемиро на осум од последните 10 натпревари на Манчестер Јунајтед беше неискористена замена, што е јасен знак дека Рубен Аморим повеќе не смета на него.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Во последните месеци се зборуваше дека искусниот Бразилец е на пат за Саудиска Арабија за да потпише за Ал Наср и повторно да игра со Кристијано Роналдо.

Меѓутоа, сега би можело да дојде до големо пресврт, поради што следната станица во кариерата на 32-годишникот би можела да биде Италија.

Имено, Џанлука Ди Марцио објави вест дека Рома е подготвена да го доведе Касемиро во случај Леандро Паредес да се врати во Аргентина.

Паредес има желба да игра за Бока Хуниорс и многу е извесно дека тој трансфер би можел да се реализира во наредните денови.

Во тој случај, од Олимпико би тргнале по Касемиро. Преодниот рок завршува на 3 февруари што е доволно време да се заврши сè.

Рома ја започна сезоната доста слабо, но со доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата, „Волчицата“ проигра и во последно време бележи позитивни резултати.

Бразилскиот играч за врска се најде на листата на пречкртаните играчи и Аморим има за цел најпрво да се ослободи од него заедно со Маркус Рашфорд.

Откако Аморим е тренер, Касемиро одигра само шест натпревари за Манчестер Јунајтед и нема сомнеж дека португалскиот тренер не смета сериозно на неговите услуги.

Да потсетиме, Касемиро пристигна на Олд Трафорд во летото 2022 година од Реал Мадрид за 70 милиони евра и никогаш не ги оправда вложените пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Не ми се допаѓа новиот формат во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид и еден од најтрифејните стратези, Карло Анчелоти го критикуваше но…