Дома Фудбал Останато Каква доминација: Неверојатниот Фрањо вон Алмен до трето злато во Кортина!

Каква доминација: Неверојатниот Фрањо вон Алмен до трето злато во Кортина!

Фрањо вон Алмен е незапирлив. По златото во спустот и тимската комбинација, Швајцарецот го достигна врвот на подиумот и во супер-џи дисциплината на Зимските олимписки игри во Италија.

Стазата во Бормио изгледа како да е создадена за 24-годишниот скијач од Берн. Иако не се сметаше за главен фаворит во супер-џи, покажа дека има извонредни вештини во дисциплина која не е негова специјалност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со стартен број 7, ја застана стоперката на 1:25,32 и за 13 стотинки го надмина моментно водечкиот Американец Рајан Кохрејн. Во конечниот збир се покажа дека Кохрејн го освои сребро, а интересно е што и пред четири години во Пекинг беше втор во истата дисциплина.

Најголемиот фаворит и доминантна фигура во супер-џи во последните неколку години, Марко Одмат, го освои третото место. Швајцарецот каснеше за 28 стотинки по победникот и беше видливо незадоволен на целната линија. Тоа е негова втор медал на Игрите, но уште нема злато. Единствеиот златен олимписки медал во неговата досегашна кариера е од велеслаломот во Пекинг пред четири години.

Следната дисциплина во алпското скијање кај мажите е велеслаломот во сабота, на 14 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вчера освои злато и стана олимписка рекордерка и веднаш го скрши медалот!

Холандската натпреварувачка во брзо лизгање Јута Лердам (27 год.) освои злато на 1000 метр…