Дома Фудбал Каков потег: Винисиус Жуниор ја повлече „рачната“ и му сврте грб на Реал Мадрид

Каков потег: Винисиус Жуниор ја повлече „рачната“ и му сврте грб на Реал Мадрид

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор реши да ги стопира сите преговори со Реал Мадрид околу новиот договор и тоа сè до завршувањето на Светското првенство во 2026 година.

Реал Мадрид има сериозен проблем со Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач не сака да ги прифати понудените услови за новиот договор и бара повеќе пари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кралскиот клуб ѕвездата на тимот за продолжување на соработката му нуди само благо зголемување, односно приход од околу 20-тина милиони евра на годишно ниво, додека Бразилецот смета дека вреди многу повеќе.

Тој и неговиот тим бараат да го изедначат со Килијан Мбапе кој добива нешто повеќе од 30 милиони евра годишно. Реал на тоа не се согласува, па преговорите за продолжување на соработката се стопирани.

Така ќе биде и во следните осум-девет месеци. Тимот на бразилскиот фудбалер донесе прилично интересна одлука – никакви преговори нема да има.

„Винисиус Жуниор нема да преговара со Реал Мадрид за нов договор сè до завршувањето на Светското првенство”, наведува ЕСПН Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски: Постигнав три гола, среќен сум, но мора да продолжам со добра игра (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна хет-трик против Анан во Купот на Шкотска и обе…