Дома Фудбал Каков потег на Перез – му носи приход на Реал Мадрид од над 20 милиони евра

Каков потег на Перез – му носи приход на Реал Мадрид од над 20 милиони евра

Флорентино Перез е веројатно најпознатиот претседател на фудбалски клуб, а сега уште еднаш покажа за каков бизнисмен станува збор.

Сите што следат фудбал знаат кој е претседател на Реал Мадрид – Флорентино Перез и какво му е чувството за бизнис.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега тоа повторно го покажа во пракса, а овојпат во центарот на вниманието е талентираниот играч Нико Паз.

Паз ја започна својата сениорска кариера во Реал Мадрид, а минатото лето го продадоа на италијанскиот Комо.

При продажбата оставија опција за повторен откуп во неговиот договор која изнесува 8 милиони евра и која може да ја активираат кога и да посакаат.

Пред отприлика две недели се појави вест дека Реал Мадрид веќе овој преоден рок ќе ја активира и Пас ќе се врати во кралскиот клуб.

Сепак, во Мадрид нема да се задржи долго, можеби дури ни 24 часа, бидејќи Флорентино Перез веќе има подготвен план за него.

Според германскиот „БИЛД“, Перез ќе го продаде веднаш по неговото враќање во Реал Мадрид на Баер Леверкузен. Сумата што „фармацевтите“ ќе мора да ја издвојат за 20-годишниот играч ќе биде минимум 30 милиони евра.

На овој начин претседателот на Реал Мадрид ќе му донесе на клубот профит од минимум 20 милиони евра за многу краток период.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…