Дома Фудбал Како во старите добри времиња: Легендарното трио на Барселона повторно ќе се обедини?!

Како во старите добри времиња: Легендарното трио на Барселона повторно ќе се обедини?!

Интер Мајами разгледува можност во текот на следниот трансфер-период да го ангажира Нејмар и повторно да го обедини со Лионел Меси и Луис Суарез, потврдија извори блиски до клубот.

Според медиумските извештаи, американскиот клуб добил можност да го донесе бразилскиот напаѓач кога во декември ќе му истече договорот со Сантос.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Нејмар во јануари потпиша шестмесечен договор со бразилскиот клуб, откако прекина го своето учество со Ал Итихад, а потоа го продолжи до крајот на годината.

Во Мајами веќе играат поранешните соиграчи на Нејмар од Барселона, Меси и Суарез, кои помеѓу 2014 и 2017 година го формираа еден од најопасните нападни трија во модерниот фудбал.

Заедно во шпанскиот клуб, триото “МНС” вкупно постигна 364 голови и забележа 173 асистенции.

Интер Мајами се наоѓа во плеј-офот на МЛС лигата и планира дополнително да го засили тимот пред следната сезона. Клубот во крајот на годината ќе остане без Жорди Алба и Серхио Бускетс, кои ќе ја завршат својата кариера, додека веќе е договоренО доаѓањето на поранешниот лев бек на Тотенхем, Серхио Регулион

Истовремено, управата работи на продолжување на договорите со Меси и Суарез, и двајцата на 38 години, а доведувањето на Нејмар, кој има 33 години, го гледаат како потенцијален спортски и маркетиншки потег, особено во годината кога се одржува Светското првенство.

Според информации блиски до играчот, претставниците на Нејмар сметаат дека преселувањето во МЛС би било атрактивен чекор во оваа фаза од неговата кариера.

Интер Мајами моментално се бори за колку што е можно подобра позиција во Источната конференција, со можност да ја заврши сезоната на второто место. Тимот на Лионел Меси има уште две натпревари во регуларниот дел – против Атланта Јунајтед во сабота и на гостување кај Нешвил во последното коло.

Меси истовремено е во трка за Златната копачка на МЛС лигата, со 24 постигнати гола, еден повеќе од Сем Саричи и Денис Буанга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…