Дома Фудбал Како пропадна веќе договорениот голем транфер на Ливерлул, една закана била клучна!

Како пропадна веќе договорениот голем транфер на Ливерлул, една закана била клучна!

Ливерпул, шампионот на Англија, направи неколку извонредни трансфери ова лето, а очекуван беше и ангажманот на англискиот дефанзивец Марк Гуихи, кој требаше да биде последното засилување.

Овој летен преоден рок на „Енфилд“ Ливерпул ги доведе Хуго Екитике, Жереми Фримпонг, Милош Керкез, Џовани Леони, Џорџи Мамардашвили и Флоријан Вирц, а на последните часови од трансферниот период пристигна и Александар Исак.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, доаѓањето на напаѓачот од Њукасл не беше предвидено како последната трансфер-акција за Ливерпул ова лето, бидејќи во клубот сè беше подготвено за промоцијата на Марк Гухи.

Клубовите се договорија, Ливерпул прифати да исплати 40 милиони евра за капитенот на Кристал Палас; Гуехи успешно ги мина медицинските прегледи во Лондон и даде согласност да потпише договор со „Црвените“.

Трансфер рокот во Англија завршуваше во 20 часот, а сета потребна документација беше навремено предадена на премиерлигашкото раководство, за да остане само претседателите на клубовите да ги потпишат финалните договори.

Но, на крајот претседателот на Кристал Палас, Стив Периж, не го потпиша договорот и трансферот не успеа, а англиските медиуми веднаш ја дознаа причината.

Неколку часа пред истекот на рокот, тренерот на Палас, Оливер Гласнер, се јавил на Периж и му постави ултиматум.

“Или стопирај го трансферот, или ќе дадам неповратна оставка”, беше кратката, но директна порака на Гласнер.

Гласнер и претходно му посочи на Периж дека ќе дозволи продажба на Гуиха само ако клубот донесе двајца дефанзивци како замена.

На последниот ден од трансферниот период, Кристал Палас го донесе Џејди Канвото од Тулуз за 25 милиони евра и беше близу да договори позајмица на Игор Жулио од Брајтон. Меѓутоа, оврој трансфер пропадна откако бразилскиот дефанзивец изба да оди на позајмица во Вест Хем, па Гласнер реши да каже „не“, со што пропадна трансферот на Гуиха во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

3.870.000.000 причини зошто Англичаните се пред сите останати! заедно!

Клубовите од англиската Премиер лига потрошија повеќе од кога било претходно во еден транс…