Германскиот стратег на клупата на Ливерпул е сигурен дека еден ден Џерард сигурно ќе биде тренер на Ливерпул.
Овој викенд Џерард како тренер на Астон Вила доаѓа на „Енфилд“ и порача дека ги сака бодовите, без разлика на емоциите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Се враќам во клуб каде поминав многу години и тоа ме тера да се смеам поради две причини. Од една страна имам добри односи со многу луѓе во клубот. Поминав фантастични години тука, јас сум дете од овој клуб и секогаш ќе го поддржувам“.
Јирген Клоп е убеден дека Џерард ќе има прилика да го води Ливерпул.
„Нормално дека Џерард еден ден ќе биде тренер на Ливерпул. Исто беше и со Френк Лампард во Челзи. Стивен е млад и не е прашање дали ќе може да ја работи работата, туку колку долго. Кога и да се случи да дојде во Ливерпул, верувам дека ќе биде за доброто на сите“, изјави Клоп.