Коронавирусот прави големи проблеми во англиската Премиер лига.
Се одложуваат натпревари, а се очекува состанок на раководството на лигата уште денес. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е загрижен за продолжувањето на првенството.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Игравме во среда, недела и вторник. Тоа не е можно. Ако сакаме да играме ќе ни биде потребна помош околу распоредот. Најважната работа која треба да ја разговараме е дали можеме да продолжиме или не. Ако продолжиме тогаш не можеме според планираното. Пред короната зборувавме дека имаме густ распоред, а сега короната ни го зададе првиот удар и ни кажа дека не можеме вака да продолжиме“, изјави германскиот стратег.
Во Англија во текот на Божиќ и Нова година се игра во жесток ритам, а со оглед на се поголемиот број заразени и позитивни на коронавирусот се е под знак прашалник.