Eден од најдобрите шутери во НБА лигата Клеј Томпсон (31) кој пропушти две сезони поради повреда, веројатно ќе го пропушти и почетокот на претстојанта сезона додека се опоравува од повредата на Ахиловата тетива.
Тренерот на Вориорси Стив Кер истакна дека неговото опоравување напредува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Томпсон се уште е далеку од тоа да може да игра, но кога можете да почнете да трчате тоа е голем напредок. Има болки кога трча, но тоа е добар знак затоа што долго време беше надвор од терените. Исто така позитивно делува на психатан а играчот“, изјави за американските медиуми Стив Кер.
Томпсон се повреди во финалето на плеј-офот во 2019 години против Торонто, а потоа во декември минатата година припремајќи се за враќање ја повреди Ахиловата тетива.