
Кога клубот нема да го направи тоа по некои свои причини, тренерот ќе го направи! Рубен Аморим ќе ги плати патните трошоци на вработените за пат до Билбао на финалето на Лига Европа.
Поточно, ќе плати до два билети заедно со патните трошоци за 30 членови од неговиот стручен штаб, со цел да можат да поведат членови на семејството или пријатели на големото финале на Лига Европа.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Аморим го направи ова бидејќи Манчестер Јунајтед не го сака тоа. Причината е – заштеда…
Се поставува прашањето дали за светски фудбалски гигант како Манчестер Јунајтед е навистина толку финансиски оптоварување да плати карти и сместување за луѓето кои работат во клубот и нивните семејства. За споредба, ПСЖ им плати на сите вработени во клубот карти и пат до финалето на Лига на шампиони кое ќе го игра против Интер.
Но, какви потези управата, такви и резултатите. Јунајтед оваа сезона ќе ја заврши на катастрофална позиција за нив во Премиер лигата. Моментално се едвај над цртата, значи 17-ти се на табелата. Ако не беа Ипсвич, Лестер и Саутемптон толку слаби оваа сезона, ќе се зборуваше и за можноста Манчестер Јунајтед да испадне во Чемпионшип.
За спас на сезоната, Јунајтед ќе игра против Тотенхем за трофејот на Лига Европа и пласман во Лига на шампиони на 21ви мај во Билбао.