
Португалскиот дефанзивец Диого Далот изведе груб старт врз Жереми Доку за време на дербито помеѓу клубовите од Манчестеер, но доби само жолт картон.
Во 11-та минута од натпреварот меѓу Јунајтед и Сити, Доку започна контра-напад, но беше спречен од Далот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Главниот судија на натпреварот Ентони Тејлор веднаш покажа жолт картон, а на успорената снимка се забележуваше како Португалецот својата нога ја крена до висина на коленото на белгискиот репрезентативец.
Се очекуваше реакција од ВАР собата и повик до Тејлор да ја прегледа оваа ситуација, но тоа не се случи и остана првичната одлука за жолт картон.