Дома Останати Кошарка Joкиќ го препозна христијанскиот симбол на јакната на Таунс – Домениканецот не знаеше што носи (Видео)

Joкиќ го препозна христијанскиот симбол на јакната на Таунс – Домениканецот не знаеше што носи (Видео)

Ноќеска во Лос Анџелес се одигра Ол-Стар натпреварот, при што една од највиралните ситуации беше поврзана со Никола Јокиќ од Србија и неговиот соиграч Карл-Ентони Таунс од Доминиканската Република.

Звездата на Њујорк Никс се појави во соблекувалната со јакна на која беше прикажан Свети Ѓорѓи како убива змеј, а изненадениот Јокиќ му пристапи, истакнувајќи дека тоа е дел од христијанската историја.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ја добив јакната на подарок. Создадени се само 25 примероци со овој мотив. Навистина ја ценам јакната, тоа е вистинско уметничко дело. Импресиониран сум од кројот и сите детали, особено од шаблонот по кој е изработена. Го добив единствениот примерок направен по моја мерка. Не знаев дека е дел од српската историја. Голем поздрав до Јокиќ, му благодарам. Ќе морам да учам повеќе за ова“, изјави Ентони-Таунс пред новинарите.

Јокиќ додаде: „Го видов мотивот на јакната и веднаш го препознав како нешто познато. Не се излажав, беше тоа што мислев нели?“

Мотивот на Свети Ѓорѓи како убива aждаја/змеј е еден од најпознатите симболи во христијанската традиција, каде што змејот претставува злобна сила што „голтала“ многу невини христијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Млад Финец дожива страшен пад на Зимските Олимписки игри – можеше сериозно да се повреди!

Младиот фински спортист Елиас Лајунен (18) претрпе ужасен пад за време на квалификациите в…