Дома Фудбал Јирген Клоп одговори дали ќе стане тренер на Реал Мадрид

Јирген Клоп одговори дали ќе стане тренер на Реал Мадрид

Јирген Клоп, кој се поврзува како можен нов главен тренер на Реал Мадрид, брзо го отфрли сценариото да започне работа на “Бернабеу”. Откако Чаби Алонсо беше отпуштен во понеделникот, името на германецот повторно почна да се спомнува. Повторно, бидејќи Клоп и претходно бил поврзан со “белиот балет”.

Од пред една година бившиот менаџер на Ливерпул работи како директор за фудбалски прашања во “Ред Бул” и неколку пати досега кажа дека засега не сака да се врати на тренерската клупа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега Клоп учествуваше во емисијата ServusTV On, каде што неговиот разговор со водителот се одвиваше вака:

„Пред сè, мислам дека ова (отпуштањето на Чаби Алонсо – заб.ред.) е уште еден знак дека таму нешто не е во ред – започна германецот. – Ако Чаби Алонсо, кој во последните две години во Баер (Леверкузен) покажа каков извонреден тренерски талент е – и мислам дека на неговата возраст и со бројот на работните искуства, може тоа мирно да се каже – е приморан да го напушти Мадрид само шест месеци подоцна, тоа покажува неколку работи.”

„Од една страна, покажува дека во денешно време не ти се дава никакво време – продолжи тој. – Од друга, очекувањата во Реал Мадрид очигледно се огромни. Да се донесе такво решение во занесот на емоциите, откако загубија финале од Барселона, многу говори. Мислам дека веќе некое време се ширеа гласини.”

„А сега – не знам дали натаму одеше твоето прашање – но ова нема апсолутно ништо со мене и не активираше ништо ниту кај мене, што веројатно ќе беше следното прашање. Бев изненаден, тоа е точно – искрено изненаден. Потоа неколку луѓе ми пишаа и им одговорив со различни емоти“, објасни Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик се враќа експресно во Реал Мадрид!?

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Л…