
По заминувањето од Ливерпул, Јирген Клоп објави дека нема да се занимава со тренерската професија. Наскоро потоа, доби понуда што ја прифати – стана директор за фудбал во Ред Бул групацијата.
Меѓутоа, не се задоволни од неговата работа и на лето ќе се разделат.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Германските медиуми веќе пишуваат дека замената ќе дојде од Премиер лигата. Се работи за германскиот тренер Оливер Гласнер, тренер на Кристал Палас.
Тој исто така ќе биде слободен на лето и Ред Бул го сака во своите редови.
Минатата сезона постигна историски резултат со освојувањето на ФА купот. Оваа сезона не е толку успешна, но сепак имаат шанса да ја освојат Конференциската лига.
Од друга страна, Јирген Клоп се споменува како прва желба на Флорентино Перез за клупата на Реал Мадрид по заминувањето на Чави Алонсо.