
Јирген Клоп се присети на своите играчки денови и сомнителните методи кои ги имаа тренерите во тоа време. Истакна дека сега за некои работи би оделе во затвор.
На панел дискусија за младинскиот фудбал во Лајпциг Арената, меѓу другите, зборуваше и познатиот германски тренер Јирген Клоп.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Некогашниот тренер на Ливерпул се присети на своите играчки денови. Со нежелост се сети на одредени методи кои ги имаа неговите тренери.
„Денеска би оделе во затвор поради атлетските тренинзи кои ги правевме тогаш“, рече Клоп, па објасни:
„Кога бев млад, ни даваа таблети од сол и не смеевме да пиеме – надвор беше 40 степени, бевме дехидрирани.“
СФ Глатен во северниот Шварцвалд беше првиот негов тим, каде што се истакна како стрелец и го доби прекарот „Дер Ланге“.
Уште една младинска станица во неговиот развој беше ТуС Ергенцинген, оддалечена 30 километри.
По настапите за 1. ФК Пфорцхајм, Ајнтрахт Франкфурт (аматери), франкфуртскиот клуб Викторија Синдлинген и Рот-Вајс Франкфурт, Клоп заврши во Мајнц.
Подоцна ја презеде функцијата тренер на клубот и ги одведе до Бундеслигата, која подоцна ја освои како тренер на Борусија Дортмунд.
Девет години потоа помина на клупата на Ливерпул, со кој освои, меѓу другото, Премиер лигата и Лигата на шампионите.