Дома Фудбал Останато Jaховиќ пред новата сезона во Суперлигата: Сакам да бидам најдобриот странец меѓу стрелците!

Jaховиќ пред новата сезона во Суперлигата: Сакам да бидам најдобриот странец меѓу стрелците!

Aдис Јаховиќ се подготвува за новата сезона во турски Гозтепе.

Пред новата сезона Јаховиќ има амбиции да стане најдобриот странски стрелец во турската Суперлига.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Кога дојдов тука, целта беше со Гозтепе да влеземе во Суперлигата. Клубот ми претстави одличен проект, постигнував голови и бев горд на себе. Навивачите се феноменални, секогаш добивам поддршка. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и оваа сезона и ќе бидам најдобриот странски играч помеѓу стрелците“, изјави Јаховиќ.

Во минатата сезона за Гозетепе Јаховиќ одигра 16 натпревари и постигна шест голови. Ќе потсетиме дека за него ова е втора епизода во Гозтепе, претходно дресот на овој клуб го носеше од 2016 до 2018. Во меѓувреме го носеше дресот на Коњаспор, Малатијаспор и Анталијаспор.

Неодамна во изјава за нашиот сајт Јаховиќ потврди дека имал разговор со селекторот Благоја Милевски за негово можно враќање во репрезентацијата – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…