Од редовите на Јувентус ја разгледуваат опцијата да го донесат фудбалерот на Челси, Вилијан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На искусниот фудбалер ќе му истече договорот со тимот на Челси следното лето, па во Јувентус би пристигнал како слободен агент.
Италијанскиот клуб е познат по носењето на играчи без обесштетување, па и доаѓањето на Вилијан со сигурност би привлекло големо внимание.
Во последниот преоден рок Јувентус без оштета ги доведе Арон Рамзи и Рабио, кои засега немаа големо влијание. Рамзи после враќањето од повредата минатото коло дебитирше и го постигна првиот гол во дресот на „старата дама“.