Зад нас е уште една интересна календарска година во Ла Лига, а тука имаме еден многу интересен податок.
Верујте или не, ако се сметаат само головите од игра, односно без голови од пенал, најмногу во 2024 година во шпанското првенство постигна – Александер Серлот!
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој летово се пресели од Виляреал, во текот на изминатата година постигна 31 гол во Ла Лига, а следен е Роберт Левандовски со 29, додека Џуд Белингам даде 23.
Интересно е и тоа што со неговиот гол во последните моменти од натпреварот, Атлетико Мадрид ја совлада Барселона, првпат како гостин во ерата на Диего Симеоне, и со таа победа тимот се искачи на лидерската позиција на крајот од 2024 година.
Серлот оваа сезона постигна осум голови, сите осум во Ла Лига, и додаде и две асистенции, додека во Лигата на шампионите не се наигра и на пет настапи за нешто повеќе од 200 минути на теренот не постигна ниту еден гол.